Мажи, дали сте спремни: Докторка открива колкава должина на машкиот полов орган е задоволителна
Д-р Џон Кодл од Филаделфија, кој често дава различни медицински совети на Тикток, зборуваше за просечната должина на машкиот генитален орган, се со цел и мажите и, индиректно, жените да се ослободат од притисокот дека треба да изгледаат на одреден начин.
Бројките кои таа ги претстави ги изненади сите.
„Како матичен лекар зборувам за различни теми“, рече на почетокот докторката и истакна дека повеќето луѓе мислат дека просечната големина на машкиот генитален орган е многу поголема отколку што всушност е.
Таа додаде:
„Број два, има голем социјален притисок да изгледате на одреден начин, ова се однесува и на мажите и на жените. Сакам да споделам неколку факти кои се надевам дека ќе ви помогнат да ја дознаете вистината. Важната порака е дека изгледате добро. Дека како што е, тоа е најважната порака што се обидувам да ја пренесам со ова видео“.
Според оваа докторка, просечната должина на машкиот генитален орган е околу 10 см, таа бројка во пик состојба е околу 13 см.
Таа напомена дека сексуалното задоволство не зависи од бројката и дека секој маж не треба да се поистоветува со одредени бројки.
Но, бројките им се важни и на мажите кои се огласија по ова видео и велат дека се далеку над просекот и дека цел живот чекаат да го слушнат ова.
Фото:Freepik.com
Извор:B92.net