Мажи, ѕирнете го: Најдобриот кардио тренинг што можете да го направите дома

Ви претставуваме 30-минутен HIIT тренинг кој ќе ви помогне да останете во форма, дури и кога сте дома...

Овој тренинг се состои од неколку различни вежби кои имаат влијание врз целото ваше тело. Ова е одличен кардио тренинг со чија помош ќе го активирате телото и ќе се изморите и испотите. Покрај тоа што ќе изгубите голем број калории со помош на овој тренинг, ќе ја зголемите и силата и издржливоста на целото тело.

Добрата страна на овој тренинг е што не бара од вас да користите никакви уреди и опрема, па затоа ќе биде многу корисен за сите луѓе кои не сакаат да одат во теретана и редовно да вежбаат.

Бидејќи се работи за HIIT тренинг, се заснова на согорување на доволен број калории за краток временски период. Во повеќето случаи, губењето на тежината се постигнува со вршење кардио вежби со умерено темпо во подолг временски период. Многу луѓе, на пример, трчаат еден час и на тој начин губат килограми, но HIIT тренингот е наменет за луѓе кои не сакаат да губат премногу време на таков тренинг.

HIIT тренингот може да трае од 5 до 35 минути во зависност од вежбите што ги правите. Она што треба да го запомните е дека во овој тренинг сите вежби се прават со најголем интензитет. На овој начин го зголемувате согорувањето на калориите.



Извор: мушкимагазин.рс