Мажи vs. жени: Сексуална пермутација
Нема никаква разлика во машкото и женското уживање во младоста, сексот, смеата. Ама баш никакво... Или има? Не се дискриминирани само млади партнери со постара жена туку и постари мажи со помлада жена... Или не? За сето ова, Ана Бунтеска и Божидар Божиновски- Моџо „кршат копја“...
Ана Бунтеска
Се допишувам со една другарка со која на времето многу излегувавме заедно и на сред муабет ми вели:
-Абе знаеш дека случајно се видов со Х (а Х е типот за кој мојава другарка имаше многу непроспиени ноќи, што од заљубеност, што од фактот дека фраерот си беше- како да кажам- љубител на жени) и дознав дека се развел од жена му и се преженил за една што е 23 години помлада?!
Набрзина праам една математика во глава и пресметувам (грубо) дека ако Х беше постар од нас 4 години, тоа значи дека има 52, односно дека неговата избраничка е 29 годишна. Ок, никогаш не сум имала предрасуди кога е љубов во прашање. Едноставно, има жени што сакаат повозрасни мажи и мажи кои си имаат свои причини да си тераат живот со помлади жени. Настрана шегите од типот дека поарно е со повозрасна жена, оти за време на секс знае да распознае знаци на инфаркт, ама секако дека докажувањето на сопствената младост си повлеквит и да се биде со помлада. И мене ништо од сето ова не ме изненадува, не ме тера да се прекрстам и поплукам, не ме згрозува. Ноооооо, има една работа која отсекогаш ми била нејасна, а тоа е зошто кога станува збор за обратна ситуација сите се подзинати. И одма тука се муабетите:
- Види ја бе, баба може да му биде!
- Што се замислува, Мадона дека е?
- Како не и’ е срам, што ќе речат комшиите!
- Милфица, кугарка......дрндрн
Знам дека живееме во изместени критериуми, во кои е толку многу нормално да видиме маж во години како до себе има некоја убавица која може според возраста ќерка да му биде, ама чуму згрозувањето кога е обратно. Ако одиме од онаа позната изрека со обавезното “хехехе” дека “шта је лепо и Богу је драго”, тогаш нели е сосем во ред тоа да биде поткрепено со соодветен реципроцитет? Каква е таа ексклузивност врз уживањето во својата младост преку нечија туѓа?
Мене лично симпатија ми е Кеану Ривс кој е постар од мене, ама па да се разбереме дека на овие простори ретко кој маж постар од мене изгледа како него, оти да не заборавиме дека живееме во земја во која теретаните полека стануваат луксуз, како и многу други работи кои се вообичаени на запад. (Веројатно некој и за мене го кажува истото ко ќе ме спореди со некоја филмска дива на мои години, ама тоа е дечки. Од мене на овие години, толку!) Е сега, бидејќи Кеану не ни знае дека постојам, а и да знае не верувам дека тоа многу ќе му смени нешто во животот, го оставам на страна и се враќам на темата.
И ние жените имаме симпатии кои се помлади од нас деценија, деценија и кусур. Да, замислете! И денешните мажи на 30 и кусур не се воопшто за потценување. Митот вели дека нема муабет со нив! ТИИИИИИИИИИТ, грешка. Паметни се, елоквентни, амбициозни, имаат свои ставови....едноставно поинаку растат од генерациите кои беа меѓу мојата и нивната. Имаат неверојатен смисол за хумор и токму младоста ги прави да се полежерни во целокупната комуникација. Можам да замислам каква лавина од муабети и погледи ќе предизвика доколку жена од свои 50 и нагоре, лежерно се прошета фатена за рака од некој кој е 15-тина години помлад. Па срам за деца, внуци, срам за неа...и тоа најмногу од оние кои потсвесно би сакале да се на нејзино место.
Муабетот ми е, нема никаква разлика во машкото и женското уживање во младоста, сексот, смеата. Ама баш никакво. Редно е да се надминат некои предрасуди во кои секогаш и без исклучок мажот е фраер кога има помлада партнерка, а жената е промискуитетна и раскалашена.
И за крај...кога веќе изобилуваме со шегобијци, ракавицата е фрлена со оној вицот дека 50 во 25 не пасува ниту еднаш, додека 25 во 50 дури 2 пати.
Моџо КилингтонПа и средина на 30-ти, ниско Ана, ниско... Да знам да ми се обраќаат со чичко тие на 19, 20... Може и на родителска да им одам ако не па, мислам не е проблем. Таму има милфици барем. Фино е то.
Дали може 50 годишна жена да има 25 годишно момче? Нормално дека може, 21-ви век сме кој веќе го интересира кој со која се ебе надвор од брак, во брак, вонбрачна каква и да е заедница? Освен тие шо не ебат ништо, па вака лечат фрустрации. Кога ќе речат дека годините се само бројка, навистина се, додека се во согласност со позитивните правни прописи на Република Македонија. Многу повеќе и мувата на капата од научените стравови дека жената мора да е помлада, да е роди внуци, правнуци шо знам куче, маче... Да ги исполнува стандардите на општеството, комшивките со трајна фризура и баба ти од село. Жената не мора ништо од тоа, ни мажот Бога ми освен да се сакаат и да имаат посебна конекција. Ако тие се среќни на другите не треба да им е гајле. А ни нив за што ќе речат другите, пошто кучиња ионака лаат.
Не се дискриминирани само млади партнери со постара жена туку и постари мажи со помлада жена. То е посебно лечење на фрустрации. „Сигурно е за парите со него“. Па шо? Поубо да имаш пари и да е со тебе отколку да немаш и сам. „Ме бара еден колку татко ми генерација хаахаха“. После слика од Клуни колку ѝ бил убав. Е сега Клуни не седи пред кооперација со пиво и нема тетоважа ЈНА 79 Крагуејвац ама не е до годините... Ова се само дел од предрасудите на постар со помлада. Сигурен сум дека 99% од мажите не ги допира ова. Многу посурово е општеството кон помладата жена на постар маж... „Спонзоруша“, „Се сликаат на јахти, а не тагира кој ја слика“, „ „Ќерка може да ти е“. Спонзруша е легитимен избор, кој кур те боли шо е? Нејзин живот ако и е добро нека е среќна. Кој сака нека ја слика на јахти. Можеше да му е ќерка ама не му е. Среќни се и то е најважно. Сите ќе те пофалат само кога си мртов, а до тогаш живеј и нека зборуваат што сакаат. Никој со подобар живот од твојот нема да се замара со тебе.
„Другите“ секогаш можат да најдат проблем. Ако е мажот подебел види го, сигурно има пари. Ако е жената подебела можи да го скрши за време на сношај. Ако се двајцата дебели, како им држи креветот. Ако се двајцата слаби можи да се запалат ко суви гранки за време на секс. Ако е мажот помлад шо бара со теткава. Ако е жената помлада пак се сведува дека мажот има пари. Небитно дали тие се среќни и заљубени, на Марето со трајна фризура и згрешена фарба пред зграда што е ко сигурносна камера не и се бендисуваат и го донесе конечниот суд дека не се заедно.
На крај, малку просветлување од гуру Моџо т.е. јас. Тука имаме, на земјата уште 50 години во оптимистичка варијанта, со коронава покажа колку животот може да се смени и да се скрати значајно. По тоа време е толку. И оптимистичките 50 години се прекрати за да не правиш што сакаш, да љубиш, да живееш, да ебеш што сакаш... Народот би рекол „Курцу време пролази“. И нема да згреши. А што ќе биде по 50 години? Ништо... Никој нема да се сеќава на што рекле комшиите, роднините , баби и дедовци. Убавината на животот е што врви и ништо не е вечно. Затоа живејте. Или не, како сакате, ова е само колумна, не нареба. И ако не ви се живее, барем оставете ги другите да живеат на раат.