Мажите подоминантни од жените во стилот: Инфлуенсерска ренесанса на македонски начин
Сите беа инфлуенсери на одлично организираниот настан „Инфлуенсер на годината“. И гости и победници и други посетители. Сите се потрудиле од петни жили... Посебно таканаречените трендсетери. Фурија од стилови, каде и да се завртите светка нешто. Имаше и гламур и тоа врвен, презентиран од неколку кои во континуитет го создаваат, имаше и бледи копии, евтини одблесоци и скапи самостојни стилски приказни, незаменлив кич, претеризам и ренесанса на македонски начин.
Сите сакаа да бидат видиени, да се одвојат од другите, да бидат различни... Различноста не значи китење пред Нова година, таа одразува карактер па и преку облеката. А, класа стил подразбира точно дефинирани парчиња кои одолеваат на трендовите но не ги избегнуваат, врвна облека создадена само за вас која при тоа ви стои одлично и став... Став за да се носите со тоа што го носите!
Интересно е тоа што на овој настан мажите беа многу поубаво и поинтересно облечени од жените кои од желба да бидат топ, видени, запазени и единствени, се изгубија во фустаните (се разбира, имаше дами кои беа совршено облечни и со своите манири оставаа трага).
Неколку мажи со дефиниран стил имаа што да кажат. Одлични костуми надополнети со ситни детали, предимензионирани капути, а под нив едноставна кошула, фармеки и совршни чевли, шапки во комбинација со ролки... Сето ова без премногу шари, мотиви и бои кои бодат очи. Тие не мавтаа со скапите часовници, нив им мавтаа за да ги поздрават.Во принцип, мажите се
поедноставни во облекувањето од жените, но тоа не значи дека немаат совршен
осет за естетика, време, место, настан...
Н.Т.
Фото: В.Т.