Мажот со најдобар стил на Балканот е Македонец
Денес е смешно да се каже дека еден современ маж не посветува внимание на својот изглед. Не мора да е претеран, ниту пак кој знае каков си стил, туку умерен, чист, непретенциозен и да го претставува она што сте вие.
Би било крајно засрамувачки да не водите грижа за себе и за тоа како изгледате,
посебно денес кога се е токму достапно. И не постојат изговори!
Машкиот стил може да варира, да биде крајно интересен, да биде олицетворение на вистинска убавина, уметност во движење, инспирација и задоволство. Моќен е оној маж кој сето ова може да го „склопи“ на себе и едноставно да биде препознатлив, автентичен, различен и свој, а при тоа да презентира фантастични идеи за облекување. Македонецот Панче Димитриев е мажот кој сето ова го довел до перфекција.
Тој и официјално е човекот со најдобар стил на Балканот, трендсетер и инфлуенсер. Оваа титула ја однесе лани кога се бираше трендестер и инфлуенсер на годината на Балканско ниво, а и оваа година изгледа дека ќе ја добие.
По што е толку посебен?
Најмногу по уметничката експресија која ја создава од облека која навидум само се чини дека не може да се спои. Олицетворение е на уникатност која ретко кој може да ја достигне. Бескомпромисен е! Вешт со стиловите од различни епохи.
Ги користи како инструмент за патување низ времето со мешање на иднината. Во сегашноста сето тоа на него изгледа беспрекорно добро. Во еден момент ќе го видиме сликан во пустина со парчиња со животински мотиви, веќе во следниот е на рајска плажа со костум или комбинизон...
Не е ниту спортско- елегантен! Далеку е над тоа. Далеку е над просечноста, тој ја сака сензацијата, ама само кога нас не остава без зборови. Ниту еднаш не бил облечен исто. Носи скапи брендови, а често е гостин на плажите во Миконос и на модни ревии. Го има и во престижни модни списанија. Живее луксузно.
Овој трендсетер има армија од обожаватели на социјалните мрежи. За него и познати светски дизајнери кажуваат дека има стил кој го нема никој.
Живее долги години во Бугарија и многу е популарен таму.
Димитриев е хирург за ортопедија и трауматологија. Потекнува од Штип. Вежба, се
храни здраво, хедонист е и не би зачудило ако биде избран и за европски
трендсетер на годината.
Небојша Толески