Медитерански игри Оран: Двете македонски репрезентации ги дознаа противниците

Машката и женската ракометна репрезентација  ги добија  противниците за Медитеранските игри кои од 25 јуни до 5 јули ќе се одржат во Оран, Алжир.

Мажите се во група со  со домаќинот Алжир, Шпанија, Турција и Грција, а првите две екипи ќе се пласираат во полуфиналето.

Женската репрезентација за противници ги има  Србија, Португалија и Турција.