Медитерански игри Оран: Двете одбојкарски селекции ги добија противниците

Македонија  во двете конкуренции,  машка и женска ќе учествува на Медитеранските игри  во Оран, Алжир.

Противниците на нашите селекции се познати, мажите се во група со Италија и Египет, во рамки на А-групата.


Женската репрезентација е во група со Тунис, Египет и Грција.


Медитеранските игри во Оран ќе се одржат од 25 јуни до 5 јули.