Меган Маркл: „Моите пријатели ми посочија да не се мажам за Хари бидејќи ќе ме растргнат“
Таа стана симбол на храброст но и на горчина. По фамозното интервју кај Опра, Меган маркл и принцот Хари сворија армија од обожаватели и исто толкав број на тие кои не ги поддржуваат. Храброст или лага, искреност или фарса... дешифрирањето на интервјуто трае и трае. Ама Меган секогаш била соочена со критики од јавноста...
Војвотката од Сасекс во едно интервју има изјавено дека дека нејзините пријатели ја советувале да не се мажи со принцот Хари, со цел да избегне притисок од медиумите.
Меган Маркл вели дека и било кажано дека „британските таблоиди ќе и го уништат животот“. Не беа далеку од вистината...
„Кога го запознав мојот сегашен сопруг, моите пријатели беа пресреќни, бидејќи јас бев среќна.
„Но, пријателите од Велика Британија ми рекоа дека не треба да бидам со него, иако тие се сигурни дека тој е одличен, затоа што британските таблоиди ќе ми го уништат животот и ќе ме растргнат“, рече војвотката во интервјуто за ITV.
Поранешната актерка изјави дека прилагодувањето кон кралскиот живот било „тешко“ и дека не била подготвена за притисокот на таблоидите.
Во телевизискиот документарец ITV, таа додаде дека мајчинството е „борба“ поради интензивниот интерес на медиумите.
Војвотката и војводата од Сасекс разговараа тогаш со новинарот Том Бредли, кој сними документарен филм за нив за ITV, за време на посетата на Јужна Африка.
Принцот Хари за ITV тогаш изјави дека „никогаш нема да учествува во играта што ја уби“ неговата мајка и дека „секогаш“ ќе го заштити неговото семејство.
Авторот на шоуто го праша принцот Хари дали е загрижен дека неговата сопруга може да се соочи со ист притисок како и неговата мајка, принцезата Дајана.
Дијана почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.
„Сè што помина мама и што и се случи е неверојатно важно секој ден. Јас не сум параноичен, само сакам минатото да не се повтори “, рече принцот Хари.
Извор: БИ БИ СИ