Мејведер признава дека добил сто милиони за наместен натпревар со Логан Пол
Сè веќе ни беше јасно, но Флојд Мејведер сега и официјално потврди дека е платен со сто милиони долари за неговата лажна борба против Логан Пол ...
Појавувајќи се на прес-конференција откако неговиот штитеник Гервонт Дејвис ја освои титулата ВБА во категорија супер лесна категорија, нокаутирајќи го Марио Бариос во единаесеттото коло, Мејведер даде низа коментари во врска со неговиот последен натпревар со омразениот Јутјубер.
На видео кое оттогаш се појави од платформата на Твитер, поранешниот шампион е фатен како се смее и вели дека тој е единствената личност која може да намести натпревар и да добие сто милиони долари за тоа.
"Јас можам да направам лесен спарин и да добијам сто милки", продолжи легендарниот боксер, прашувајќи го извршниот директор на својата куќа промотор, Леонард Елербе, "зарем не сум јас најдобриот разбојник на банка? Дефинитивно не познавам никој во спортот кој е моја возраст кој може и продолжува да ги ограбува “.
Новите коментари сугерираат дека неговиот меч од осум рунди против Пол бил целосно наместен, а целиот хаос настанал по другите снимки од борбата, на кои јасно се гледа дека Мејведер држи аматерски боксер откако случајно го нокаутирал. Наводно, на видеото може да се забележи и Пол Логан, кој вели: „Срање, ова не беше дел од сценариото“.
Floyd Mayweather boasting about making $100million for his exhibition with Logan Paul after Gervonta Davis' win…
— Michael Benson (@MichaelBensonn) June 27, 2021
[ @ShowtimeBoxing] pic.twitter.com/nehjApdnUL