Мекгрегор исплашен, не враќа на повиците (ВИДЕО)

Познатиот јутубер од браќата Логан и Џејк, пред вчерашната борба од која Конор Мекгрегор беше нокаутиран од Дастин Порие, неколку пати јавно го прозиваше и предизвикуваше УФЦ борачот на меч вреден 50 милиони долари.

Јутуберот Џејк Пол кој пред скоро време влезе во боречките спортови урнебесно го повика Мекгрегор на меч, изјавувајќи „бори се со вистински мажи, а не со девојки!“

Јутуберот со поддршка од познатиот Мајк Тајсон создава страв кај поранешниот УФЦ шампион, кој вчера беше по првпат нокаутиран.


Фото: youtube