МЕКИНРО СО ШОКИРАЧКА ИЗЈАВА: Ѓоковиќ ќе биде ЛОШО момче до крајот на кариерата!

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро смета дека инцидентот на УС Опен скапо ќе го чини Новак Ѓоковиќ во неговата кариера.

Првиот рекет во светот беше дисквалификуван во осминафиналето на УС Опен бидејќи тој случајно со топка го погоди линискиот судија во вратот.

Седумкратниот грен слем шампион смета дека Новак подлегнал на притисокот со кој се соочува веќе подолго време.

"Мислам дека беше надминат од притисок. Многу работи се случуваа надвор од теренот и очигледно е дека тоа влијаеше на него. Му се допаѓа тоа или не,тој ќе стане лошо момче до крајот на неговата кариера", изјави Мекинро за ESPN.

Американецот го очекува одговорот на Ѓоковиќ.

"Мислам дека би можел да се опорави. Тој испишува историја и ги престигнува Надал и Федерер на списокот според бројот на Грен слемови. Тој е помлад, сите го знаеме тоа, и многу работи се во негова корист. Сепак, ова е дамка што тој нема да може да ја избрише, без разлика дали тој сакал или не “, вели Мекинро.

Легендарниот тенисер сè уште не може да поверува што се случи.

„Изненаден сум од она што го стори и во ситуација кога тој е апсолутен фаворит“, вели Мекинро.


Фото: EPA/LUKAS COCH

Можеби ќе ве интересира:

Новак ќе се сели во Шпанија? Ова е причината