Новак ќе се сели во Шпанија? Ова е причината
И додека Новак Ѓоковиќ
моментално е во Њујорк, каде се одржува УС Опен, низ медиумите се пишува дека
по повеќе од 10 години поминати во Монте Карло, најдобриот тенисер во светот заедно
со своето семјество ќе го сменат своето живеалиште. А се знае и каде.
Ѓоковиќ неодамна отпатува во САД среде пандемијата на Ковид-19, на Мастерсот во Синсинати и УС Опен. Тој веќе го освои првиот од двата турнири, а целиот тениски свет чека да види дали Србинот ќе го освои 18-от Грен слем во кариерата.
Тоа исто така би значело дека неговиот настап во 2020 година сепак би бил совршен, без ниту еден пораз, но има и такви кои се заинтересирани за се поизвесната промена на живеалиштето на Ѓоковиќ.
Некои домашни и странски медиуми веќе шпекулираат каде би можеле да се преселат Ѓоковиќ, а се шпекулира дека тоа е Шпанија! И тоа во Марбела, кое се наоѓа во Андалузија на крајниот југ на Шпанија и кое припаѓа на пошироката околина на Малага.
Ова место со околу 140.000 жители има исклучителна клима во текот на целата година, според медиумите токму поволната клима може да биде една од причината за преселба на семејството на тенисерскиот ас, но исто така и тоа што Шпанија може да биде подобра за децата на Новак, Стефан и Тара, особено од аспект на социјализацијата. Наследниците на Ѓоковиќ можеа да одат на училиште таму кога ќе пораснат уште малку.
Можеби ќе ве интересира:
Ѓоковиќ поднел оставка од АТП: Тенискиот свет е во шок по оваа одлука на првиот играч во светот