Мерцедес го претстави воланот на иднината
Новата Е-класа го носи најмодерниот волан што некогаш сме го виделе ...
Мерцедес го претстави надградениот Е-Класа од 2021 година во март, но сега компанијата откри дополнителни информации за својот високо-технолошки волан.
Современиот волан содржи „двозонскасензорска престирка“, а се наоѓа на обрачот и може да открие дали рацете на возачот се на самиот управувач.
Сензорите се наоѓаат на предната и од задната страна и ефикасно ги заменуваат претходните сензори кои се потпираа на движењата на воланот за да утврдат дали возачот управувал со возилото или не. Ова станува сè поважно, бидејќи полуавтономната технологија за возење може да ги израдува возачите и да ги направи побезбедни.
Според креативниот директор за внатрешен дизајн на Мерцедес, Ханс Питер Вундерлих: „Дизајнот на воланот е ваш сопствен компјутер и е важен дел од новите возила Мерцедес“.
Погледнете видео кое ќе ви покаже како се менувашеволанот на Мерцедес низ децениите: