Меси е најдобриот фудбалер во светот за 2023 година

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер на светот за 2023 година.

Додека Пеп Гвардиола беше прогласен за најдобар тренер.

Аргентинецот досега седум пати ја освојуваше наградата, додека Гвардиола ја освои за прв пат во кариерата.

Меси, кој ја доби оваа награда претходната година, беше прогласен за најдобар пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Меси и Халанд имаа по 48 поени по гласањето на тренерите, капитените, новинарите и навивачите ширум светот, па прашањето за победникот беше решено врз основа на бројот на првите места на избирачките списоци.


Наградата за најдобар голман му припадна на Бразилецот Едерсон од Манчестер Сити, додека наградата Пушкаш му припадна на Гиљермо Мадруга за голот на натпреварот меѓу Новоризонтин и Ботафого.

Најдобрите 11 на ФИФА се Тибо Куртоа, Кајл Вокер, Џон Стоунс, Рубен Дијаз, Бернардо Силва, Џуд Белингем, Кевин де Брујн, Ерлинг Холанд, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Винисиус.

Фото:Инстаграм
Извор:B92.net