Меси шокираше многумина: „За мене е крајно фрустрирачки и ми се чини како најнеправедна работа“.
Во Шпанија, повеќе од 27.000 луѓе починале како резултат на „Ковид-19“, а по скоро три месеци изолација, земјата полека се враќа на активности што се стопирани, вклучувајќи го и фудбалот. Шпанската Ла Лига треба да започне со продолжување на натпреварите од 11 јуни.
„Мислам дека фудбалот, како и животот воопшто, никогаш повеќе нема да биде ист“, рече Меси во интервјуто за весникот „Ел Паис“, а неговите изјави ги сподели и Барселона на официјалниот интернет портал.
"Се враќаме на тренинзи, на натпревари и на сè што работевме порано под нормално, но тоа го правиме постепено. Ова ќе биде чудна ситуација за сите, особено за оние кои имаа некои нормални работни навики", рече Меси, осврнувајќи се на последиците на пандемија во која повеќе од шест милиони луѓе се заразени со коронавирусот.
"Има многу луѓе кои имаат лоши искуства затоа што оваа ситуација влијаеше врз нив на некој начин. Многумина изгубија член на семејство или пријатели со кои тешко би можеле да се збогуваат. Нема ништо полошо од губење на луѓето што најмногу ги сакаш. Тоа е за мене крајно фрустрирачки и ми се чини дека е најнеправедна работа “, заклучи капитенот на Барселона, кој влегува во продолжението на првенството, кое има уште 11 кола, со предност од два бода во однос на второпласираниот Реал Мадрид.
Сите натпревари во Шпанија ќе се играат на празни стадиони и со спроведување на многу строги заштитни мерки за играчи и вработени во клубот.