Michael Kors Pour Homme: Ја слави мажественоста и слободата

Прво нешто што паѓа во очи е изгледот на шишето

Драматичниот и уникатен дизајн инспириран од алките на синџирот, кој е централен мотив на естетиката на Мајкл Корс.

Michael Kors Pour Homme е дрвенест зачинет цитрусен мирис со ноти на бергамот, лаванда, морска вода, пачули, ветивер и амбра.

Michael Kors Pour Homme предизвикува радост, топлина и освежувачка енергија на океанот. Со овие зборови, самиот дизајнер го опишува новиот дрвено-зачинет цитрусен мирис, кој ја слави мажественоста и слободата. Овој нов софистициран парфем, лансиран во 2024 година, е дело на парфимерот Жорди Фернандез, кој успеа да создаде хармонија помеѓу свежината на цитрусот, топлината на зачините и длабочината на дрвените ноти.

Цената му е 8000 денари за 100 ml