Михаел Шумахер за прв пат во јавност по 10 години? Нови детали за плановите на семејството на познатиот возач
Живата легенда на Формула 1, Михаел Шумахер не е виден во јавноста од неговата несреќа во 2013 година, но тоа наскоро би можело да се промени.
Откако во декември 2013 година возачот на Формула 1, Михаел Шумахер се здоби со повреда на главата на скијање, речиси ништо не се знае за неговата состојба, а јавноста само шпекулира за здравствената состојба на познатиот спортист.
Одвреме-навреме се слушаат некои информации, но неговото семејство на чело со сопругата Корина се труди ништо да не излезе на виделина, вклучувајќи ги и најновите фотографии на Шумахер.
Така и во документарецот не дознавме ништо ново за него, а странските медиуми сега пренесуваат дека Шумахер наскоро би можел да присуствува на свадбата на својата ќерка.
Десет години по несреќата, весникот „Кориере дела сера“ пишува дека на семејниот имот ќе се одржи венчавката на Џина Марија Шумахер (26) и нејзиниот вереник Јан Бетке (27), па се очекува на прославата на семејниот имот да присуствува и нејзиниот славен татко.
Парот наводно планира венчавка во луксузна вила, вредна речиси 31,5 милиони евра, во Мајорка.
Таа е веќе е во честа употреба и е прилагодена на неговото лекување и закрепнување откако семејството Шумахер ја купи од претседателот на ФК Реал Мадрид, Флорентино Перез во 2017 година.
Покрај прекрасната куќа, имотот од 15.000 метри квадратни има и два базени, хелиодром, теретана и огромна градина обложена со високи палми.
Откако Михаел Шумахер се повреди на крајот на 2013 година, откако падна и удри со глава во карпа додека скијаше на Алпите, неговото семејство прави сѐ за да ја зачува неговата приватност. Успеале да спречат некоја негова тајно направена фотографија да стигне до медиумите, а германскиот магазин „Бунте“ пишува дека тоа нема да се промени дури и ако на свадбата на неговата ќерка дојде славниот Шуми.
Извор: glossy.espreso.co.rs