Милан Ристовски: Знаеме како против Грузија, со заедништво и тимска игра до победа

Македонија ја очекува сериозен испит в четврток против Грузија, ова е дуел на двете непоразени селекции, кои се истакнаа како фаворити за првото место во групата.

Милан Ристовски верува во успех на домашен терен, ако веруваме во себе, неопходно е да влеземе уверени дека победата е наша.

„Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентрирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренинзите. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех“ – вели Ристовски.