Милевски: Да ги елиминираме грешките, максимално против Азербејџан, отпаднаа Миовски и Алиоски
Македонија утре од 14 часот се среќава со Азербејџан, втора пријателска средба и последна за оваа година.
Бојан Миовски е ослободен од обврските, Алиоски поради приватни причини не е во комбинација за дуелот со Азербејџан, селекторот Благоја Милевски се надева дека нема да ги повториме грешките од дуелот со Финска.
„Ние на секој натпревар играме да победиме, нема да биде поразлично и за утре, секогаш играме на победа, се надевам така ќе биде и против Азербејџан. Знам дека Азебејџан дека добро не скаутирал, се надевам дека нашиот квалитет ќе излезе на површина, и дека ќе стигнеме до победа. Јас инсистирав на вакви противници, различни и квалитетни, Финска е топ репрезентација, Азербејџан игра навидум поразличен фудбал игра, но нивните последните кажуваат за нивниот квалитет, нивниот селектор добро си ја работи работата, имаат одлични индивидуалци и се агресивни. Ние имаме квалитет, слабостите ги анализиравме од мечот со Финска, мислам дека се тоа моменти на деконцентрација, и ќе направиме се да ги поправиме грешките, кои не смееме да ги имаме на официјалните мечеви следната година со оглед на квалитетот на противниците“рече Милевски.