Милевски: Финска е квалитетна, сакавме силен противник, мора да внимаваме на еден сегмент
Македонија утре од 18 часот се среќава со Финска, пријателски натпревар во Скопје, средбата се игра на арената „Тодор Проески“.
Селекторот Благоја Милевски смета дека утрешната средба, и втората в недела против Азеребјеџан, ќе бидат добра можност за подготовка пред главните квалификации.
„Лигата на Нации е зад нас, актуелни се Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Финска има супер тим, неслучајно се во вториот шешир, и точно ќе ни дојде како насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што не очекува и во групната фаза. Знаете дека имаме квалитетна група, и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници. Ќе има некои промени, ни недостасува реализација, последните мечеви ни дадоа некои насоки особено во реализацијата на шансите кадетреба да се подобриме“, изјави Милевски.