Милевски: Гибралтар не смее да се потцени, нема место за калкулации и експерименти
Македонската фудбалска репрезентација против Гибралтар на гости го игра вториот меч во Лигата на нации.
Гибралтар е аутсајдер во групата, Македонија е фаворит, селекторот Благоја Милевски сепак е внимателен, во денешниот фудбал секогаш може да се случат непријатни изненадувања.
„Пристапот на овој натпревар ќе ни биде сериозен и нема место за калкулации и експерименти. Во денешниот фудбал нема простор за потценување. Гибралтар не е случајно во Лига Ц на Лигата на нации, тие напредуваат. Нема ни еден процент место за опуштање. Момците се свесни дека само со максимум може да се дојде до посакуван резултат. Секој натпревар е посебен, мора посебно да се подготвите. Нема два идентични натпревари, па нема ни исти подготовки “ – рече Милевски на денешната прес-конференција.
Македонија и Гибралтар се среќаваат по трет пат, досега имаме две победи со 6-0 гол-разлика.