Милевски: Го контролиравме натпреварот, заслуживме победа
Бугарија и Македонија одиграа 1-1, гостински натпревар за македонската репрезентација во Разград, средба прва од официјален карактер а во рамки на Лигата на нации.
Домашниот тим поведе во 13 минута со голот на Десподов, со 1-0 за Бугарија заврши првиот дел.
По само пет минути игра во вториот дел, Милан Ристовски погоди за 1-1.
Селекторот Благоја Милевски е незадоволен од резултатот, дел од играчите не се во натпреварувачка форма.„Игравме со противник кој беше носител во нашата група, задоволен сум од начинот на кој пристапија на мечот нашите играчи, како го одиграа второто полувреме, но секако не сум задоволен и од резултатот. Од првата до последната минута го контролиравме мечот, не можам да бидам задоволен во првиот дел, а во второто полувреме може да кажам дека го одигравме перфектно. Перфектно, ќе повторам, во момент ако се погледне во кој дел од сезоната играме. Алиоски и Трајкоски, се надвор од натпреварувачка форма, но, имаме уште многу за игра и во овој циклус и продолжуваме понатаму, рече Милевски.
Македонката фудбалска експедиција утре патува за Гибралтар, на 6 јуни играме на гости со оваа селекција.