Милевски самокритичен: Добивме шамар во вистинско време, треба сите добро да си ставиме прст на чело

Македонската А репрезентација е поразена од Азербејџан со 1:3 на пријателскиот натпревар одигран денеска на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Нашата најдобра селекција одигра под очекувањата, а противникот целосно го искористи „лошиот“ ден на фудбалерите предводени од Благоја Милевски.

Селекторот Благоја Милевски самокритичен, добивме шлаканица, и тоа во вистински момент.

„Мора да сум искрен, ова е една убава „шлаканица“ за сите нас и мора да си го ставиме прстот на чело и да се замислиме сите добро како и колку го почитуваме македонскиот дрес. Тука почнувам јас од себеси, па до сите членови на тимот. Ако може да има нешто позитивно од сето ова, добро е што таа шлаканица дојде сега. Фудбалски не се сомневам дека ќе бидеме спремни, но мора да се спремиме во своите глави дека нема лесни противници дека нема лесни противници и дека во фудбалот нема импровизации. Мора прво да имаш почит кон самиот себе, почит кон она што го носиме тука сите од нас, за да се може да се почитува моментот што си член на Македонија. Ме загрижува фактот дека сè уште немаме замена за оние седум стандардни фудбалери кои ни недостасуваа денес, а сите оние кои се надоаѓање треба повеќе за да се биде конкурентен за она кое не очекува. Ние сме истите кои ги радувавме сите во минатите месеци и години, значи дека кај нас е проблемот и мора да го поправиме тоа, во вистинско време добивме шлаканица“ – самокритичен беше Милевски.