Милевски: Треба да ја поправиме реализацијата, драго ми е што Нестровски се врати во тимот

Македонија и Финска одиграа нерешено 1-1 во Скопје, натпревар од пријателски карактер на арената „Тодор Проески“.

Повторно создадовме многу шанси, вкупно 13 шута кон голот на противникот, седум од нив се директно во голот, а погодивме од пенал.

Селекторот Благоја Милевски нагласи дека реализацијата на шансите мора да се поправи.

„Со реализацијата повторно имавме проблем, создадовме многу шанси, но мора да поработиме на тој дел. Задоволен сум од одредени работи од играчите, игравме висок пресинг, но има и доста работи кои треба да ги поправиме до почетокот на квалификациите. Не сум задоволен од тоа како комплетно изгледавме денеска. Ова беше добар меч за гледање, но има работи кои треба да ги поправиме. Ние сакаме да играме напаѓачки и со висок пресинг. Задоволен сум од враќањето на Несторовски, имаше четири шанси. Момците дадоа максимум и не можам да не бидам задоволен, но има многу работи кои треба да ги поправиме за да бидеме конкуренти во главните квалификации“ – изјави Милевски.

Следно за Македонија е Азербејџан во недела од 14 часот.