Милевски: Во отсуство на Стефан Ристовски, капитенската лента за Енис Барди
Селекторот на макдонскта фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, се соочува со проблеми во составот во пресрет на јунските средби во Лигата на нации, вкупно четири на број.
Македонската фудбалска репрезентација од денес ги започнува подготовките за претстојните четири средби во јуни во Лигата на Нации – Ц лига, група 4, гостуваме кај Бугарија (2. јуни) и Гибралтар (6. јуни), а во Скопје доаѓаат Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни).
Милевски нема да може да смета на Ердал Ракип поради приватни причини, додека капитенот Стефан Ристовски е повреден.
„Ристовски има контузија на стапалото, тоа е сериозна повреда во моментов, за среќа нема скршеница, но има оток и дополнително ќе прави нови снимки. Во негово отсуство, капитенската лента на овие средби ќе ја носи Енис Барди“, рече Милевски.
Распоред на тренинзи:
Денес – 18:00
Петок – 18:00
Сабота – 18:00
Недела – 11:00
Понеделник – 18:00
Сите тренинзи се на ФФМ.