Милијардерот гради чудо под Лас Вегас: Вака ќе изгледа тунелот на иднината
Компанија „Борнинг“во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, , го заврши ископувањето на вториот од двата тунела наменети за системот за подземен транзит.
Минатата година компанијата доби договор за изградба на 1,6 километарски тунелски систем. Трошоците изнесуваат 52,5 милиони долари, а сите работи ќе бидат завршени во јануари 2021 година.
Проектот е официјално наречен „Convention Center Loop“ и ќе превезува патници под Конвенцискиот центар во Лас Вегас, со автономни електрични возила на Тесла. Системот е дизајниран така што може да пренесе повеќе од 4.000 луѓе за еден час, така што 15-минутната прошетка ќе биде заменета со двоминутно возење. Идните експанзии треба да ги поврзат познатиот Стрип, Меѓународниот аеродром и стадионот во Лас Вегас.