Милионски трансфер: Кој е Елиф Елмас, гордоста на македонскиот фудбал?

Селекторот на туркска репрезентација, Фатих Терим во 2017 години се обиде да ја наговори нашата фудбалска ѕвезда да игра за Турција, но беше одбиен со одлуката на Елиф кој доследно реши да ја претставува нашата земја.

Роден во Скопје, од родители со турко потекло, Елиф Елмас е нашата 19 годишна фудбалска ѕвезда, која сериозно започна да ја испишува својата историја. Откако си го остави срцето на теренот за турскиот клуб „Фенербахче“, неговата кариера се искачи едно скалило погоре кон успехот. Тој потпиша договор со еден од најпопуларните италијански фудбалски клубови „Наполи“.

Својата фудбалска кариера, Елиф ја започна во фудбалската школа „Форца Вардар“, а потоа, на 16 годишна возраст се пресели во тимот на „Работнички“ каде напредуваше и успеа да се класифицира како професионален фудбалер.

Во 2017 години Елиф го доби дресот со број 21 и гордо го бранеше турскиот клуб „Фенербахче“. За овој негов трансфер, тој заработил 180.000 евра, како што стои на „Википедија“.

Вчера, нашата фудбалска легенда потпиша договор вреден 7,5 милиони евра за следните пет години за италијанскиот клуб „Наполи“. Елиф е вториот македонец, после Горан Пандев кој потиша договор за овој професионален фудбалски клуб.

Талентираниот фубалер е доста актуелен и за него постои огромна конкуренција која е заинтересирана да го присвои. Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на клубот „Наполи“ објави фотографија на својот Твитер профил, за да се пофали за успехот што го постигна ангажирајќи го Елиф да ги брани боите на нивниот клуб.

Фото: Instagram/Twitter