Милијардерот бара осум лица за да патуваат околу Месечината
Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава тргна во потрага по
осум лица кои ќе му се придружат како први приватни патници на патување околу
Месечината со Спејс Х на Илон
Маск.
Според Ројтерс, тој првично планирал да покани уметници на еднодневно патување закажано за 2023 година.
„Проектот Риџигд ќе им даде можност на луѓето од целиот свет да се приклучат на ова патување. Ако се гледате себеси како уметник, тогаш сте уметник", рече Маезава.
Првата фаза на пријавување трае до 14 март.
Маезава е познат по своите колекции на уметнички дела и суперавтомобили, како и по подароци во готовина, поради што има најмногу следбеници во Јапонија на својот профил на Твитер.
Минатата година тој започна краткорочна документарна потрага по нова девојка која ќе му се придружи на патувањето.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Тајни што авиокомпаниите ги кријат од нас: Интересни факти кои не сте ги знаеле