„Мислев дека е крајот“: Џон Траволта шокантно открива како за малку ќе умрел со семејството
Актерот Џон Траволта неодамна откри дека трауматично
искуство го натерало да ја прифати улогата во филмот „Овчарот“.
Оваа продукција зборува за млад пилот кој се обидува безбедно да го приземји авионот откако се случил електричен дефект за време на летот.
Целата приказна е слична на она што ја доживеа Џон Траволта во 1992 година кога тој самиот управувал со авион. Како што опиша актерот, тогаш доживеал електричен колапс во авионот, додека со семејството летал над Вашингтон.
„Знаев како е чувството апсолутно да веруваш дека нема излез, дека ќе умреш. Имав два добри млазни мотори, но без инструменти, без струја, ништо. И мислев дека е готово“, рекол тој, пренесе Би-би-си.
Траволта додаде дека потоа безбедно слетал, што го смета за „апсолутно чудо“.
Фото: Youtube - screenshoot