Мистеријата на „Jагуарот“ во кој Цеца и Аркан пристигнаа на венчавката: Автомобилот сè уште се чува во посебна гаража која се грее, но никој не знае каде (ФОТО)
И по две децении од венчавката на српската фолк дива Цеца и командантот Жељко Ражнатовиќ Аркан, за оваа венчавка сè уште се зборува.
Јавноста сè уште е заинтригирана од деталите за настанот, кој тогаш беше обележан како свадба на векот. Дури и американските медиуми известуваа за тоа. Сега, излегува дека токму еткетата „свадбата на векот“ била прилично точна. Tолку е сето тоа моќно што се зборува и за автомобилот во кој се возеа младенците.
Цеца и Аркан пристигнаа на венчавката во луксузна лимузина „Jaguar Majestic Limo“, што во тоа време беше вистинска атракција. И не е обичен!!!
Овој модел на „Јагуар“ е вистинска реткост, бидејќи се направени само 527 вакви копии низ целиот свет.
Автомобилот помина 33.000 километри и денес е во одлична, скоро фабричка состојба.
Седиштата и воланот се уште се со најлони, а оттогаш автомобилот стои во загреана гаража. Меѓутоа, се шпекулира за неговата локација. Човекот кој го одржува се чува во тајност, но од него е извлечено само дека мора гаражата да биде загрена за ваков автомобил ако сака да се зачува првобитната состојба.