Спорт // Спорт
Мистериозна русокоса повторно фотографирана во ложата на Новак Ѓоковиќ: Откриено е која е таа и каква тажна приказна крие
За време на преносот на осминафиналето на Австралија опен
меѓу Новак Ѓоковиќ и Адријан Манарино, камерите често ја прикажуваа ложата на
српскиот тенисер, во која имаше една дама која го привлече вниманието на
многумина.
Убавата русокоса во долг зелен фустан го привлече вниманието со својот изглед, но нејзината животна приказна, за жал, не е толку убава.
Имено, како што дознава Српски Курир, таа е вдовица на починат пријател на семејството на Новак од Мелбурн.
Не е првпат да се појавува на натпреварите на Новак. Таа најчесто доаѓа со синот и секој пат му дава голема поддршка на српскиот ас.
Фото;screenshot