МЛАДИОТ ФУДБАЛЕР ДАВИД ЃОЉЕВСКИ ОД ФК “ГРОЗДАНОСКИ“ - ДЕЛ ОД ЈУБИЛЕЈНАТА ДЕСЕТТА СЕЗОНА НА МЕЃУНАРОДНАТА ПРОГРАМА „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“

Македонија повторно ќе учествува во Меѓународната општествено одговорна програма за деца „Фудбал за пријателство“, основана и под покровителство на „Газпром“. Активностите во рамки на десеттата јубилејна сезона на едно од најголемите општествено-одговорни програми за деца поврзани со спортот ќе се одржат во период од 18. до 25. февруари 2024 година, овој пат во нов „фигитален“ („Phygital“) формат, кој покрај физичкото учество на деца вклучува и активности на дигиталната платформа на проектот. Турнирот „Фудбал за пријателство. Phygital“ ќе се одржи во Казан, Русија, во рамки на првиот меѓународен турнир на „фигитални“ спортови именуван како „Игри на иднината“ („Games of the Future“). Македонија ќе биде претставувана од младиот фудбалер Давид Ѓољевски од ФК “Грозданоски“, кој заедно со тренерот Игор Ѓољевски ќе присуствуваат на активностите.

 
Како дел од подготвителните активности на програмата, во московскиот изложбен центар “VDNH“ се реализираше традиционалната отворената ждрепка. Составен е распоредот на натпреварите и формирани се состави на 6 Екипи на пријателство кои ќе учествуваат во натпреварите. Како и во претходните сезони на програмата, тимовите на пријателство се именувани по ретки и загрозени врсти на животни: Френклинов бумбар, Куолл тигар, Касписка фока, Сокоро гулаб, Гоби мечка и Онагар.

Учесници во програмата „Фудбал за пријателство. Phygital“ во 2024 година се млади фудбалери - момчиња и девојчиња од 13 земји од светот: Русија, Белорусија, Србија, Северна Македонија, Бенин, Казахстан, Либан, Романија, Словенија, Танзанија, Турција и Централно Афричките Републики. Сите учесници во натпреварот ќе добијат статус на Млади амбасадори на програмата и по враќањето во својата земја ќе продолжат да ги споделуваат своите искуства и да ги промовираат деветте основни вредности на програмата – пријателство, еднаквост, правда, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.

“Ни претставува задоволство што сме дел од овој интернационален проект наменет за новите генерации ширум светот кој има за цел да ги поттикне младите да практикуваат спортски активности и на овој начин да шират позитивни човечки вредности помеѓу своите врсници и пошироко. Фудбалската Академија “Грозданоски“ континуирано поддржува и поттикнува негување на пријателство, еднаквост и мир помеѓу своите членови -на теренот и пошироко, вложувајќи во новите генерации и нивниот професионален и личен развој. Верувам дека Давид ќе не претстави одлично на турнирот и во рамки на целокупниот проект.“ – изјави Игор Ѓољевски, тренер во ФК “Грозданоски“.