Младите момци на Голден Арт КЛ7 со минимален пораз од Еурофарм Пелистер 2

Голден Арт КЛ7 со минимален пораз ги стратуваше серијата подготвителни натпревари за престојната сезона. Во салата „Тодор Александров“, која веќе втора година е база на нашите ракометари во Охрид, противник на нашиот тим беше поискусната екипа на Еурофарм Пелистер 2.


Натпреварот во целиот свој тек беше неизвесен, и ниту една екипа немаше предност поголема од два разлика. На полувремето биолчани имаа предност од 12:11, а крајниот резултат гласеше 21:23 за Еурофарм Пелистер.


Имајќи предвид дека се работеше за подготвителен натпревар, двајцата тренери, Бошковски и Јовиќ, дадоа можност за воигрување на повеќе ракометари од своите редови. Кај Голден Арт КЛ7 поради повреди не настапија Никола Цветаноски, Емилијан Ѓорговски и Андре Буторац, но и без нив нашиот тим одигра солиден подготвителен натпревар.


Голден Арт КЛ7 – Еурофарм Пелистер 2 21:23 (11-12)

Голден Арт КЛ7: Симоноски 2, Ѓеоргиев 5, Гучески 2,  Даев 1, Димовски 5, Крстески 1, Илиески 3, Гајиќ 2