„Многу едноставно“: Се прашувате дали жените ги изневеруваат своите сопрузи на работа - Исповедта на Сандра го разбранува интернетот
Аферата со колегите на работа често може да предизвика последици особено по врските или бракот. Сепак некои жени свесно ги изневеруваат партнерите со своите шефови на кои не можат да одолеат.
Една жена коментираше за аферите на работа на популарната платформа Quora и на тој начин предизвика бурни реакции кај корисниците.
Таа напиша: "Дали многу жени изневеруваат додека се на работа? Да!" Сандра таа изјава ја оправда бидејќи и самата била сведок на аферите на нејзините колеги со нивните претпоставени и ги објаснила причините за овие однесувања. Таа рече: „Жените од работа ги привлекува статусот на мажот, и некои од нив редовно одат на ручек во работно време“.
"Најмалку четири млади жени што ги запознав беа вработени во одделот за човечки ресурси на нашата компанија. Често сум сведок како одат на ручек со нивните шефови. Запомнете, одговорот е секогаш - да. Овие дами едноставно ги привлекува статусот што постарите мажи имаат, тоа се работодавците, тие добиваат дури и специјални подароци, според моите набљудувања, тие се возат до дома и добиваат свежо цвеќе на нивната маса“
Сандра додаде дека сите овие жени се мажени, во триесеттите и имаат деца. Сопругот на една од овие жени наводно побарал развод откако ја открил нејзината афера, додека другата постојано доцнела со своите задачи.
Сандра ручала со високи раководители и ги слушала нивните приказни, што ја шокирало и го променило начинот на кој таа ја перципира работата во канцеларија.
Нејзината објава предизвика различни реакции. Додека едни коментираа дека претерува и дека ништо од горенаведеното не е точно, други тврдеа дека се е точно „од А до Ш“.