Мобилен телефон кој се превиткува дури 3 пати

Најновиот концепт пристигнува во облик на модел што тројно се свиткува. Oppo прикажа уште еден интересен телефон. 

Го развил во соработка со јапонското дизајнерско студио Nendo. Уредот е наречен Slide Phone, а новиот концепт модел лесно може да се смести во дланката, благодарение на својот дизајн со тројно свиткување.

Телефонот во својата преклопна форма, која нуди екран од 1,5 инчи, може да се користи за проверување на известувањата, одговарање на повици или пристапување до плеерот за репродукција на музика.

Дополнителното отварање (слајдување) на екранот открива 3,15-инчен дисплеј, за кој Oppo тврди дека е доволно добар за креирање фотографии или лесен гејминг. На крајот, последното расклопување открива 7-инчен дисплеј, кој има минимални рамки. Овој формат има необичен однос на страници, кој е долг и тесен, но може да се користи за мултитаскинг.

За оптика се користат три камери и LED блиц.