„Моите родители се католици, немав ништо од тоа да верувам во Бог“: Еве зошто решивме да го крстиме Новак
Дијана Ѓоковиќ си ја отвори душата и искрено проговори за
вербата, но и за моментот кој бил пресвртница во кариерата на Новак
На Дијана Ѓоковиќ, мајката на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, верата не и била всадена уште од мала, туку благодарение на мајката на нејзиниот сопруг, таа сакала да ги крсти своите наследници, а потоа и самата да премине во православие.
Имено, Дијана смета дека семејството е основа на се‘, а доколку во него има хармонија, ништо не е невозможно или неостварливо.
- Семејството е клучот за се‘ - основата, без семејство мислам дека нема да има таков успех. На Новак пред се‘, а потоа и на Марко и Ѓорѓе им дадовме сила да ги надминат сите неволји на кои наишле. Марко и Ѓоле имаа некои свои проблеми. Еве, Ѓоле не сакаше да зборува, дури сега дознавам за некои работи и навистина сум изненадена што не ми кажал за тие работи. Но, повторно, тоа е и еден вид процес на растење. До ден денес учам некои работи, дури и од децата, искрено. Колку што им пренесов дел од моето знаење и мудрост, толку сега учам јас од нив. Горда сум на тоа што ме совладаа мене и татко им, тоа е одлична работа - изјави Дијана.
Благословот на патријархот Павле бил пресвртница во кариерата на Новак.
- Го нарековме жив светец. Имавме можност да го посетиме нашиот покоен патријарх додека тој беше во болницата во ВМА. Новак седеше на стол до него, патријархот беше во фотелја полузаспано. Ѓаконот кој беше со него се обиде да го разбуди. Му ја донесовме монографијата на Новак кога го освои својот прв Грен слем во 2008 година. Тој му објасни дека Новак таму, но тој спиеше. Кога ѓаконот му рече дека дошол да го благослови, во истиот момент ги отвори очите. Во тој момент видов дека неговите очи се небесно сини. Тој само ја крена раката и го благослови Новак. Мислам дека тоа беше голема пресвртница кај Новак, бидејќи тогаш го освои Дејвис купот, кој беше отскочна даска за се‘ останато – објасни Дијана во емисијата „Додека ангелите спијат“.
Зборовите на нејзината свекрва ја натерале да размислува да го крсти наследникот.
- Моите родители се католици, но тие се воспитани од партијата и комунизмот, се декларираа како Југословени. Не ме учеа од мала, ниту имав за што да верувам во Бог, ниту пак славевме Велигден или Божиќ. Не можев да им го пренесам тоа на моите деца, бидејќи јас не ги славев - искрена е Дијана и објаснува дека и во семејството на Срѓан не биле крстени:
- Никој во семејството на Срѓан не беше крстен, бидејќи тогаш не смееја. Покојната мајка на Срѓан, која имаше многу тешка болест - рак на кожата, многу сакаше да ги крсти своите деца кон крајот на животот. Затоа решивме да ги крстиме нашите во мај 1992 година, Новак тогаш имаше пет, Марко немаше ни една година - вели таа.
Истакнува дека се‘ е можно, само ако го сакаме.
- Чуда се случуваат, ако веруваш во нив и се‘ е можно, само ако нешто посакаш. Сите навистина имавме силна верба дека тој ќе стане тоа што е. И тоа некако го пренесовме или го повикавме, не можам да објаснам, но, како што велат, испративме порака до вселената. И навистина ни се оствари. Од почетокот рековме дека ќе биде најдобар.
Покрај верата, тој смета дека е важно доживотното образование во секоја смисла.
- Новак е љубопитен. Се едуцира, чита се‘ што ќе му дојде до рака. И диетата што му годи, не знам дали мене би ми одговарала, но не можам да кажам ништо, бидејќи ми ја затвори устата со резултатите. Ние сме навикнати на месо и сметаме дека црвеното месо е единствен извор на протеини, но тој со своите успеси докажа дека не е во ред.
Да се остане цврсто на земја во моментот на најголемиот успех е голема победа над себе.
- Мислам дека Новак остана цврсто на земја. Кога беше помлад сите го тапкаа по грбот и му велеа дека ќе биде најдобар, така само ги наполнуваш ушите па добиваш крилја. Но, треба малку тие да се исечат, за да се спуштиш на земја, за да останеш реален. Затоа што сето тоа го заработи со многу мака и би ми било жал ако баш така полеташе. Навистина остана приземјен, покажа дека некои работи ги разбира многу рационално и дека ништо не зема здраво за готово. Ништо не се зема здраво за готово, се‘ мора да се заработи со труд, се‘ направил со сопствена пот и крв. Бевме таму да го туркаме и да му помогнеме, но тој е тој што игра на теренот, кој паѓа, крвари, се поти и има и психички и физички проблеми. Тука сме само да го поддржиме– заклучила таа.