Мојот пенис не ме слуша: На што најмногу се жалат луѓето во долги врски

Проблемите на луѓето во долги врски не се разликува многу, од некоордираните сексуални желби до недостаток на емотивна врска, посочуваат терапевтите кај кои доаѓаат луѓе за да си спасат врската.

Кај големиот број парови на почетокот на врската сексот е огномет од страсти, на тоа влијае хормонот на заљубеност. Но, кога ќе избледи овој оган и животот влезе во колосек, видлива е состојбата на работите - од либидото до посветеноста на партнерот. Тогаш сексот кој порано не бил, лесно станува проблем, а неговиот корен е недостатокот на комуникација помеѓу партнерите.

Изненадувачки или не, поголемиот број парови сакаат исти работи. Тим од професионалци на тоа подрачје откриваат со кои изјави најчесто се среќаваат во своите ординации. Доколку сакате да промените некои од овие работи, преземете активен пристап на решавање на проблемите кои не се нерешливи.

1. Не чувствувам никаква желба

Токму овој проблем најчесто ги тера луѓето да затропаат на вратата на сексуалниот терапевт. Скоро во секоја врска еден партнер сака повеќе секс од другиот. На почетокот се ускладени, бидејќи додека се присутни „пеперутките во стомакот“, поголема е и сексуалната желба. Подоцна таа почнува да слабее, најчесто кај припадниците на понежниот пол, кај кои чувствата стануваат поважни од самиот секс. Тогаш ситуацијата знае да биде напорна, доколку партнерот постојано инсистира, а на другата страна не и е до тоа. Причините за одбивање на секс се различни - од проблеми во врската до проблеми надвор од неа.

Совет за поголемо задоволство секако се зголеменото допирање и галење, но и сексуално разиграното однесување кои создава атмосфера. Предиграта не се однесува само на 10 - те минути пред секстот, затоа комплиментите, искажувањето на желби и романтичното однесување секогаш продонесуваат за создавање на желба за секс.

2. Партнерот не сака

Ова е другата страна од медалот за истиот проблем, а оној кој сака повеќе секс поради тоа се чувствува уште полошо - го преплавува несигуност, чувство на непосакуваност, па дури и фрустрација. Може да се јави и сомнеж во одржливоста на односот, бидејќи песимистичните погледи во иднина носат и стравови.

Тогаш треба да се разјасни една темелна работа - постои ли и понатаму привлечност. Доколку не, односно доколку до проблемот е дојдено поради физичкото запоставување на едната или двете страни, на тоа треба да се поработи. Доколку има привлечност, но е изгубена онаа сексуално разиграност, треба да се воведат работи кои би биле типични за секс во почеток на врска - од закачања, иницирање на секс, кокетирање, заводлива облека, воведување на новини кои ќе ја разбијат рутината и слично. Не е лошо и да се одреди датумот за секс, барем еднаш во неделата, кој сигурно ќе се реализира. Колку повеќе луѓето имаат секс, толку повеќе секс сакаат - објаснуваат терапевтите.

3. Мојот пенис не ме слуша

Најчестиот проблем од овој тип се прераната ејакулација и еректната дисфункција. Во двата случаи мажите стануваат фрустрирани и депресивни, бидејќи тоа е најголем удар за нивното его, додека жените стравуваат дека не им се повеќе привлечни на партнерот. Колку и да звучи лошо, мажите со овој проблем треба да се сосредочат на сопственото уживање, а помалку на она на партнерките, додека тие треба да имаат повеќе разбирање и да не го сфаќаат тоа личност. Најважна е поддршката.

4. Парнерот ми е болен, но не сакам сексуално да се распаднеме

Паровите бараат помош во случај кога едниот партнер сериозно ќе се разболи, што внесува немир во врската и драстично опаѓање на сексуалната желба. Тогаш се предлагаат различни други облици на физичка блискост, на пример мазење, масажа, бакнување, а понекогаш е доволно и само држење за рака. Заедничкото капење сосдава блискост, ги опушта мускулите и нервите, па со тоа ја поттикнува циркулацијата без конкретно секскуално стимулирање.

5. Заглавени сме во брак без секс

Во долгогодишните врски или бракови, партнерите заглавуваат со секојдневните рутини, имаат проблеми на работа или со самите себе и тоа неизбежно се одразува на нивниот меѓусебен однос.

Не е тајна дека сексуалната желба се намалу при животните проблеми кои треба да се решаваат. Во таквите случаи терапевтите советуваат разговор со предложување на нови идеи. На пример, доколку двата партнери се преуморни навечер, треба да пробаат со утрински секс.

6. Сакам сексот да биде ист како пред раѓањето на дете

Со доаѓањето на приновата во животот се менува сѐ, а најмногу сексуалниот живот. Жените ја губат самодовербата, бидејќи телото не им изгледа исто како пред раѓањето или вагината им е поширока отколку порано и не уживаат еднакво. Во друг случај, потребно е жената да ги прави вежбите за контракција на вагиналниот мускус на Кегел, три пати на ден со околу дваесеттина повторувања. На тој начин вагината се стеснува и се обновуваат мускулите. За побрзи резултати предлогот на терапевтите е електрична стимулација со посебни медициски уреди.