МОМЧЕ ОД КИНА МОЖЕ ЈАСНО ДА ГЛЕДА ВО ТЕМНИЦА: Неговите очи светат како на мачки, а лекарите мислат дека е мутант

Во кинескиот град Дахуа, живее момче, Нонг Јошуи, за кое тврдат дека гледа сè во темнина.

Момчето е родено со сини очи кои неверојатно рефлектираат светлина, а ги изненади научниците со неговата способност да гледа во целосна темнина.

Нонг од провинцијата Дахуа, Кина ги запрепасти лекарите кои открија дека неговите очи рефлектираат сина неонска светлина кога надворешен извор на светлина бил насочен кон нив.

Лекарите се справија со неговиот случај откако загрижен татко го донесе во локалната болница. Тие се обиделе да го смират таткото велејќи дека очите на момчето со текот на времето ќе станат „нормални“, но тоа досега не се случило.

„Забележав дека очите му се флуоресцентни, па го однесов во болница да проверам дали е се во ред. Ми рекоа да не се грижам и дека ќе се стемнат кога ќе стане малку поголем, но тоа не се случи“, рекол таткото на Нонг.

Во сите други аспекти, момчето е исто како неговите врсници, но му пречи силната сончева светлина. Вакво нешто досега е забележано само кај некои животни.

Некои наставници веруваат дека ова е последица на мутација, поради еволуцијата.


Медицинските експерти, сепак, се многу скептични за оваа приказна. Имено, ноќното гледање кај животните е овозможено со тенок слој специјални клетки кои не постојат кај луѓето. За да се појават такви клетки во човечкото око, неопходно е да се појават низа мутации одеднаш, што според лекарите е невозможно.

Офталмологот Џејмс Рејнолдс тврди дека Нонг  веројатно нема способност да гледа ноќе, туку едноставно гледа многу, многу подобро од другите луѓе.

„Мутациите што би им овозможиле на луѓето ноќен вид бараат долг временски период. Тоа е целосно апсурдно, исто како да очекуваме човек да се роди со крилја“, рече тој.

курур.рс стил