Монасите на Света Гора чуваат непроценливо богатство: Старо е неколку века (ВИДЕО)

Библиотеката во манастирот, каде што внимателно се чуваат документите, е вистинска ризница за историчарите кои проучуваат како функционирала Отоманската империја.

Длабоко во средновековниот манастир Пантократор на Света Гора се наоѓа непроценливо богатство - илјадници ракописи од отоманскиот период, најстари од ваков вид во светот.

Библиотеките на самоуправната заедница, основана пред повеќе од 1.000 години на полуостровот Атос во северна Грција, се складиште на ретки, вековни дела на повеќе јазици, вклучително и грчки, руски и романски, пишува АП.

Многу од нив се опширно проучувани, но не и отоманските ракописи кои раскажуваат приказна што е во спротивност со традиционалното разбирање на отоманските грабежи во новоосвоените области.

- Овде ги имаме најстарите османлиски документи, од пред падот на Константинопол. Зачувани се во Светогорските манастири од крајот на XIV и почетокот на XV век. Овде се најстарите османлиски документи - вели отец Теофилос, монах во манастирот Пантократор.

Тој вели дека има приближно 1.300 оригинални византиски документи.


- Повеќето од нив не постојат никаде на друго место - истакнува монахот.

Библиотеката во овој манастир, каде внимателно се чуваат овие документи, е вистинско богатство за историчарите кои проучуваат како функционирала Отоманската империја.

Сега, за прв пат, експертите имаат можност детално да ги испитаат овие ракописи.