Спорт // Спорт
Мората запиша гол за Шпанија, па се огласи за иднината во Јувентус
Алваро Мората постигна гол за Шпанија во Лигата на нации, неговата репрезентација одигра нерешено со Португалија 1-1.
Шпанскиот репрезентативец е на раскрсница, дали ке остане или ке замине од Јувентус, му истече двегодишната позајмица во Јувентус, поточно ќе мора да се врати во Атлетико Мадрид.
„Не зависи од мене, не можам ништо да направам. Жената и децата ќе ме следат каде и да одам. Имам опции, но сакам да одам таму каде што клубот е заинтересиран да играм и да има бенефит од мене, -зијави Мората.
Мората има 29 години, за Јувентус запиша 28 гола на 48 меча колку што одигра во сите конкуренции сезонава.