Може и без рецепт: Атрактивната фармацевтка Ана повторно направи хаос со нејзиниот заводлив танц (ВИДЕО)

Ана од Крагуевац не ни помислуваше дека ќе привлече толкаво внимание на медиумите и јавноста кога објави неколку видеа за прв пат на „TikTok“ во бел мантил со неодоливо деколте

Атрактивната фармацевтка Ана Милановиќ објави неколку видеа на „TikTok“ по кои се прослави, а особено нејзината објава во бел мантил ги привлече сите погледи, која брзо стана хит на мрежите.

На почетокот објавувала видеа каде пее народни песни кои имаат врска со медицината и болката. Набрзо добила голем број лајкови и коментари, па редовно почнала да ги воодушевува своите следбеници со видеа како пее во различни домашни изданија.

Сега таа објави ново видео на „TikTok“ во кое ја покажа својата атрактивна фигура и длабоко деколте, додека заводливо танцува на народни ора, а коментарите постојано се слеваа и сите беа за нејзиниот изглед.


„Атомска бомба од жена“, „Брутално премногу добра, алал да ти е“, „Убава“, „Ништо не ме боли кога ќе те видам“, „Поубава и од двојно помлада“, се само дел од коментарите на нејзиното видео.

„Моите пријатели знаат колку сум позитивна и оптимист отсекогаш. Ме убедија и да почнам да снимам за „Тик Ток“. Сите сме премногу уморни, работата со пациенти со Ковид е незамисливо заморна за сите нас, така што единствениот излез за опуштање е забавата преку социјалните мрежи“, изјави своевремено Ана за локалните медиуми.

Таа истакна дека неизмерно си ја сака работата и смета дека тоа е професија која треба да се цени особено во денешно време.

Извор: www.alo.rs