Спорт // Спорт
Mozzart Bet: Во целост ги почитуваме мерките кои Владата ги презема
Во врска со новинарското прашање поставено на денешната прес конференција на министерот за здравство, Венко Филипче, а во кое се наведува дека вчера по 18:00 часот работела спортска обложувалница на Mozzart Bet во населбата Бутел, од Mozzart Bet ја демантираaт оваа информација и ја известуваaт јавноста дека Mozzart Bet во целост ги почитува мерките кои Владата на РСМ ги презема за справување со коронавирусот. Додаваат дека веднаш постапиле по одлуката со која се ограничи работното време на сите спортски обложувалници до 18:00 часот.
Mozzart Bet е членка на АСОМ (Асоцијацијата на спортски обложувалници) и сите спортски обложувалници кои членуваат во асоцијацијата, постапуваат согласно донесената одлука.