Мртовечниците во Калифорнија се полни, мртвите од коронавирусот ќе бидат чувани во камиони ладилници

Американската држава Калифорнија денес распредели најмалку 166 камиони ладилници за привремени мртовечници за да се справат со недостаток на капацитет во пренатрупаните болници поради големиот број смртни случаи од ковид-19

Таа американска држава се обидува да се опорави од пандемијата на коронавирус, но само минатата недела починаа 2.500 луѓе од ковид-19, многу повеќе отколку во која било друга држава, а мртовечниците се полни.

Зголемувањето на бројот на заразени беше забележано уште пред Денот на благодарноста, по што ширењето на вирусот поради семејни собири само се забрза, но сега Калифорнија, откако ги прослави Божиќ и Нова година, се подготвува за ново драматично зголемување на бројот на заразени.

Голем број камиони ладилници и фрижидери мораше да бидат изменети за да складираат што повеќе тела. Бидејќи овие возила не се наменети да служат како мртовечница, тие се надградени со полици барем двојно да ги зголемат своите капацитети.

Марк Гилардучи, директор на службата за итни случаи, рече дека „планот за управување со масовна смртност“ вклучува, меѓу другото, дека телата ќе бидат третирани „со почит и достоинство“.

Припадниците на Националната гарда беа испратени оваа недела во Канцеларијата на судот во Лос Анџелес за да помогнат, каде што едно лице умира од вирусот на секои 15 минути.

Погребните куќи ги отфрлаат ужалените семејства и мртовците затоа што ги исцрпиле капацитетите да ги примат мртвите, објави Лос Анџелес Тајмс.

Болниците во Лос Анџелес се толку пренатрупани што на Брзата помош им е кажано да не превезува пациенти чии шанси за преживување се екстремно мали.

Поголемиот дел од Калифорнија, вклучително и Лос Анџелес, е во блокада и на луѓето им е наредено да не ги напуштаат своите домови.

Извор: Индекс.хр