Мухамед Зеќири стана татко: Далиа Нани е новиот член на семејството

Пратеникот Мухамед Зеќири на својот официјален Фејсбук профил ја објави радосната вест заедно со новороденчето и напиша:

Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка

На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г.
Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!!
Амин