Мурињо нѐ дрибла: Како бе вака еден гол понизок за 5 см.?
Што да се каже за човекот кој е професионалец парекселанс. Не му промаршува ништо во фудбалот, па ни „ситници“.
Жозе Мурињо секогаш е во центарот на вниманието, па така беше и синоќа во Скопје. Неговиот Тотенхем без поголеми проблеми ја елиминираше Шкендија, но освен погодоците, во центарот на вниманието е тоа што се случуваше пред мечот.
Тој добил сугестија од своите голани дека нешто не е во ред со головите на стадионот. Португалецот решил сам да провери што е проблемот и сфатил дека голот не е по пропишаните димензии.
Тренерот на Тотенхем дури и на социјалните мрежи реши да се пошегува, па ставајќи фотографија на која тој го мери голот на Арената „Тодор Проески“, во коментар напиша „Мислев дека сум пораснал, но потоа сфатив дека голот е понизок за 5 см“.