Мускулите на Милош Биковиќ доминираат во жешките сцени во „Кукли“

Српскиот актер со македонски корени, Милош Биковиќ уште со првата улога го привлече вниманието кај жените, но во серијата „Кукли“ се прикажува во поинакво светло, хариматичен измамник кој го користи сексот да манипулира со нив за да напредува во бизнис светот. Жешки сцени, голотија и мускулите на Милош, комбинација која го врати актерот на врвот како миленик на женската публика во регионот.
Големата популарност што серијата „Кукли“ му ја донесе го вивна до ѕвездите, а за неговите експлицитни сцени се вели дека - не се за сите, само за 18+. Зацврстувајќи го имиџот на заводник доведе и до поголем интерес за неговиот приватен живот - со кого е, каде е, што прави.., вообичаени прашања за големите холивудски ѕвезди.
Секси Милош, како што го нарекуваат, може да го види и македонската публика. Биковиќ во трилер – драмата „Кукли“, која се прикажува на Глеј, игра лик кој води агенција за односи со јавноста, а успехот го должи токму на жените со кои се опкружува. Серијата брзо по премиерата се искачи на врвот на листата на најгледани странски серии на македонската стриминг платформа.
Популарноста на серијата на овие простори дотолку е поголема, бидејќи се должи на меѓучовечките интеракции кои ги откриваат падот на вредностите на едно современо општество каде се газат животи за успех и пари, но води и до самоткривањето на вистинскиот пат за главниот лик.
Милош може да се види во многу ситуации, преку боемскиот ентериер на ноќни клубови, фенси ресторани, бизнис канцеларии и спалните соби, каде тој го бара патот до успехот и задоволството. Но, не се само врелите секс сцени, туку дејството е испреплетено со корупција и местенки, кои во „Кукли“ се расплетуваат во едноставни и силни човечки емоции водени од одмаздата.
Биковиќ ќе мора да се соочи со последиците од неговите постапки, а токму тоа не го остава рамнодушен гледачот и мора да ја изгледа „Кукли“ до крај.