На 44 години, таа „пука“ од убавина: Има 14 години помладо момче и за нивната врска зборува цел Холивуд
Девојката на Вил Поултер, Боби Ти, е 14 години постара од него и е мајка на седумгодишен син, открива MailOnline. Парот беше виден како јавно ја изразува својата љубов и оттогаш медиумите не престануваат да пишуваат за нив.
Ѕвездата на „Чувари на галаксијата“ (30) беше фотографирана како страсно се бакнува со Боби, чие вистинско име е Ерин Кампанерис (44), на улиците на Западен Холивуд во 2022 година, додека извор близок до парот изјави дека тие го поминале Божиќ заедно во Велика Британија со семејството на Вил.
Боби се занимава со манекенство од својата 15-та година и моментално потпишала договори со Ford Models, LA Models и New York Models, но во последните месеци ги напушти САД за да поминува повеќе време со Вил, кој живее во источен Лондон.
Нивната разлика во години не им пречи, а се разбира дека Вил, познат по улогите во Black Mirror на Netflix и The Revenant на Леонардо ди Каприо, се зближил и со синот на Боби, Даниел, кој го има со поранешниот бек и аналитичар на NFL, Марк Санчез. (37).
Вил е лојален поддржувач на Арсенал, а синот на Боби често е виден како го носи црвениот домашен дрес на Топџиите, што се верува дека е резултат на влијанието на актерот изјавил избор за MailOnline:
- Боби го помина Божиќ со Вил и неговото семејство во ОК, што навистина ја зацврсти нивната врска.
- Повеќе време поминуваат заедно во Лондон и како семејство со синот на Боби, Даниел прават се заедно. Боби има син со Марк Санчез, кој во јуни минатата година се ожени со актерката Пери Матфелд (29) од „Бесрамните“, а Даниел беше носител на прстенот на нивната венчавка.
ФОТО: Твитер/Инстаграм