На асистентката на Клои Кардашијан ѝ се заканува тужба, по грешка објави нејзина фотографија без Фотошоп
Познатата американска старлета и помлада сестра на
популарната Ким Кардашијан, остана во шок кога се појави нејзина фотографија на Интернет без шминка и во
природно издание. Затоа нејзиниот PR тим работи нон-стоп ...
Клое Кардашијан (36) беше непријатно изненадена кога нејзиниот лик во бикини почна да се шири на социјалните мрежи за време на велигденските празници.
На фотката, таа носи минијатурно бикини со леопардов принт, косата и е врзана во опашка, нема шминка на лицето, додека половината ѝ изгледа малку пошироко, а градите не и се ни малку бујни како на другите фотографии.
Фотката е објавена по грешка од нејзината асистентка, поради што ПР тимот на старлетата ги отстранува сите траги. Тие ги пријавуваат сите публикации поради повреда на авторските права, пренесува Дејли Меил.
- Изменетата фотографија во боја е направена за време на приватен семеен собир, а асистентот по грешка ја објавила на социјалните мрежи. Клое изгледа убаво, но таа ги поседува авторските права и едноставно не сака да кружи фотографија на Интернет, што не требало ни да биде објавена, изјави Трејси Ромулус, главен директор за маркетинг на брендот KKW.
Клое е во врска со кошаркарот Тристан Томпсон (30) и овие празници нема да ги памети по добро, иако ги помина на луксузниот имот на нејзината мајка Крис Џенер (65) во Ла Квинта, Калифорнија.
Фото: Инстгарам/Клои Кардашијан