Пристигнува уште една феноменална колекција која би требало да ги воодушеви сите мажи...
Брендот Canali се обиде повторно да ги запознае мажите со колекцијата која е разноврсна и ќе ги задоволи сите машки вкусови и различни стилови.
Новата колекција е внимателно креирана за да се осигура дека мажите изгледаат убаво, но исто така се чувствуваат заштитени и топли во текот на студените есенски и зимски денови.
Има различни парчиња облека како што се јакни, палта, маици, џемпери, панталони, чевли, елеци, како и елегантни нешта како кошули, блејзери и костуми.