НА ПЛАЖА ВО ОКТОМВРИ: На овие места можете да се капете
Постојат дестинации на кои дури и во октомври можете да се сончате и капете.
Овие 10 места имаат топла вода и температури на кои можете да уживате и да одморате.
Ланзароте, Канарски острови
Кога е октомври во прашање, ова место им е сигурно на европските туристи. Гостите можат да уживаат во трите одморалишта, Плаја Бланка, Коста Тегисе, Пуерто Дел Кармен.
Санторини, Грција
Гостите ќе уживаат во тесните улици, балконите и верандите и фантастичните вулкански плажи.
Сен Тропе, Франција
Иако е прескапо, ова летувалиште нуди вистинско уживање. Изобилува со ресторани и барови, а температурата во октомври е од 20 до 30 степени.
Кас, Турција
Температурите во просек се 29 степени и многу е попријатно отколку во лето. Затоа е совршено во октомври да одморате во ова рибарско село во Турција.
Закинтос, Грција
Просечните температури се 25 степени, но како есента доаѓа има дождови.
Сардинија, Италија
Во октомври имаат температури од 27 степени. Тоа е период кога во Барбаџија има многу фестивали.
Коста Брава, Шпанија
На 150 км од Коста Брава е најсликовитата плажа во Шпанија. Во октомври температурите се од 19 до 25 степени.
Дубровик, Хрватска
Есента е идеална за посета на Хрватска. Климата не е толку влажна, а цените за сместување се многу пониски.
Амалфи, Италија
Местото има мали плажи и температура од 22 степени.
Севиља, Шпанија
Октомври е најдобар месец за посета на Севиља. Градот има богата историја, култура, има што да се види, а температурите се движат околу 20 степени.